Monday, May 17, 2010

LIONEL MESSI


Лионел Меси е аргентински фудбалер кој игра за ФК Барселона во шпанската лига и за репрезентацијата на Аргентина. Меси е најдобриот фудбалер во светот. Неговиот стил и вештина потсетува на фудбалската легенда Диего Армандо Марадона, кој лично го прогласи Меси за свој наследник. Меси започнал да игра фудбал од најраната возраст и неговиот потенцијал бил набргу забележан од Барселона. Во 2000 година се преселил со семејството во Европа бидејќи Барселона му понудила лекување на неговиот здраствен проблем(недостаток на хормонот за раст). Тој дебитираше во сезоната 2004-05 соборувајќи го рекордот на лигата за најдобар скор за најмлад играч. Следната сезона тој блесна како играч во првата постава, завршувајќи ја со 14 голови во 26 натпревари. Меси беше победник на светскиот шампионат на младинци на ФИФА за 2005 година станувајќи член на сениорската репрезентација. Во истата таа година во септември, по втор пат по три месеци, ФК Барселона го обнови договорот со Меси. Тој истовремено стекна шпанско државјанство, конечно стекнувајќи право да дебитира во шпанската прва лига(ла лига).Во 17 натпревари, Меси постигна 6 голови, но за жал сезоната за него заврши пред време, во март 2006 година, поради кинење на десната тетива на ногата во натпревар против Челзи во лигата на шампионите. Таа сезона, Барселона ја заврши како шампион на Шпанија и на Европа. Во 2006-07 година Меси се зацврсти како играч во првата постава со својата одлична игра против Челзи и Реал Мадрид. Во ноември 2006 година во натпреварот против Реал Сарагоса, Меси повторно доби повреда која го исфрли од игра 3 месеци. По враќањето од Аргентина, Франк Рајкард, внимателно го рехабилитирал, постепено го зголемувал времето на игра, од натпревар во натпревар. Набргу Меси се врати во топ форма постигнувајќи хет-трик. Кон крајот на сезоната стануваше се подобар, 11 од своите 14 голови во сезоната ги постигна во своите 13 натпревари. Меси се потврди како нов Марадона. Еден од неговите голови беше сличен на прочуениот гол на Марадона против Англија на светскиот куп на ФИФА во Мексико во 1986 година, познат како гол на столетието. Во сезоната 2007-08 Меси даде 5 голови за една недела, вбројувајќи ја Барселона меѓу првите четири тимови во лигата. Двата голови што ги постигна против Севиља, на 22 септември му ги посвети на Роналдињо кој беше повреден. На 19 септември Меси постигна гол против Олимпик Лион кога Барселона победи со 3:0 во лигата на шампионите. Меси постигна уште два гола за победа на Барселона од 4:1 против Сарагоса. На 27 февруари, Меси го одигра својот 100-ти меч за Барселона во натпреварот против Валенсија. Во сезоната 2008-09 со заминувањето на Роналдињо, Меси го наследи неговиот дрес со број 10. Во октомври 2008 година, за време на мечот против Шахтјор Донетск, Меси постигна 2 погодоци во последните 7 минути, влегувајќи како замена за Тиери Анри, и од резултатот 0:1 Меси го претвори во 2:1. Во следниот натпревар против Атлетико Мадрид, се одигра пријателски натпревар каде што Меси играше против неговиот добар пријател и сонародник Серхио Лионел Агуеро со резултат 6:1 за Барселона. Меси одигра уште еден импресивен дуел против Севиља. Во декември 2008 година, Меси го постигна вториот гол во мечот против Реал Мадрид кој заврши со резултат 2:0. Со 678 поени, беше прогласен за втор играч на ФИФА за 2008 година. Својот прв хет-трик во 2009 година, Меси го постигна против Атлетико Мадрид. Вториот од двата голови во мечот против Расинг Сантандер беше 5000-от гол во лигата за Барселона. Во 28-то коло на лигата, Меси го постигна својот 30-ти гол во сезоната, обезбедувајќи победа од 6:0 во мечот против Малага. Во Април 2009 година, постигна 2 гола против Баерн Минхен во лигата на шампионите, постигнувајќи личен рекорд од 8 голови во натпреварот. Истиот месец, Меси го постигна својот 20-ти гол во сезоната во мечот против Гетафе, овозможувајќи и победа на Барселона, од 6 поени на врвот на табелата

Thursday, May 13, 2010

PRILEP

Приелп е град во Македонија со 73925 жители и површина од 1675 km квадратни, а градот е лоциран во северниот дел на Пелагониската котлина, во јужниот дел на Република Македонија, до него се стигнува преку магистралниот пат М5/Е65.Се наоѓа на 128 km(воздушна линија)од главниот град Скопје.Прилеп е познат како "градот под Марковите Кули"поради неговата близина до кулите на легендарниот херој Крали Марко.Градот Прилеп го добил името според едно предание на Марко Цепенков, луѓето кои почнале да се доселуваат, своите куќи ги граделе прилепени до калето на Крали Марко, па поради прилепените куќи и градот е наречен Прилеп.Во истото предание се споменува дека градот бил прилебно место(место каде што се правело леб).Градот Прилеп и воопшто населби на подрачјето на поширокиот прилепски регион, датираат уште од антиката, како што е археолошкиот локалитет Стибера, кај селото Чепигово.Во близина на градот на Марковите Кули се откриени траги од предисториска населба.Во раната антика тука израснала населбата Керамија, обновена во доцната антика, која до крајот на антиката останала селска населба и не прераснала во град и епископија. Денешната местоположба на градот Прилеп потекнува од раниот среден век, кога Прилеп бил многу важен трговски и воено-стратегиски град. Токму во градот Прилеп, по катастрофалниот пораз на самуиловата војска во беласичката битка, 1014 година, кога ги видел своите ослепени војници, царот Самуил починал од срцев удар. По смртта на Самуил 4 века подоцна, во 1371 година Прилеп станал престолнина на средновековниот македонски феудален владетел, Волкашин, кој го создал прилепското кралство со седиште во Прилеп. По неговата смрт во маричката битка (1371), го наследил неговиот син Крали Марко, кој и по доаѓањето на турците се до неговата смрт во 1395 година владеел со Прилеп и поширокиот регион на западна и југо-западна Македонија. Со доаѓањето на турците, Прилеп од високоразвиен трговски град, се преориентирал кон селско производство особено тутун. Во Прилеп во 1564/65 година се случил и првиот поголем бунт на македонскиот народ кон неподносливата турска власт, кога направиле голем протест, проследен со нереди пред судот во Прилеп. Во XIX ВО Прилеп учествувал големиот македонски преродник и собирач на народно творештво Димитар Миладинов, заедно со својот помошник Рајко Жинзифов и токму во тој период во контакт со Миладинов, Марко Цепенков ја прифатил идејата на преродбеникот за собирање на македонско народно творештво. Во XX век Илинденското востание имало силен одглас во прилепско, а со борбите раководеле познатите прилепски војводи Петар Ацев и Крсто Гермов-Шаќир војвода. По балканските војни и поделбата на Македонија, Прилеп крајно разурнат и разорен, како дел од Вардарска Македонија, влегол во рамките на кралството Југославија. Во втората светска војна градот се наоѓал под бугарска окупација и токму во Прилеп на 11.10.1941 година со нападот на бугарската полициска станица од страна на прилепскиот партизански одред "Гоце Делчев"започнал антифашистичкото народно востание против окупаторската власт. Во текот на војната населението од градот и околните села активно се вклучило во борбите. Поради големиот број на борци и жртви, кои Прилеп ги дал во втората светска војна, градот по војната го добил епитетот "град херој".

LEBRON JAMES

Леброн Џејмс е роден на 30 декември 1984 год.во Акрон(САД) на 30 декември 1984 година.Имал тешко детство.Пораснал без татко.Можеби затоа семејството му е важно колку и кариерата.Тој е еден од најдобрите кошаркари во Кливленд па и во светот.Кариерата ја започна во средното училиште во ушиличната екипа на Сент Винсент-Сент Мери,со која освои три државни првенства.Скаутите можеа да го следат неговиот подем уште како адолсцент.Во 2003 година ја започна професионалната кариера во екипата на Кливленд.Веднаш стана локален херој.Го носи бројот 23 и своите квалитети ги покажа уште во првата сезона и го внесе Кливленд во плеј-оф.Во 2009 година ја доби наградата за најполезен играч во лигата(ем-ви-пи).Оваа сезона Кливленд дури се вбројува за фаворит на титулата.Пред да почне да настапува во НБА лигата,Леброн потпиша договор со американскиот гигант за спортска опрема "најк" вреден околу 60 милиони евра.Леброн годинава стана заштитно лице на производителот на гуми за џвакање "Баблишус"и има своја палета на гуми за џвакање со вкус на лимон.Четиригодишниот договор вреди 3,4 милиони евра.Леброн џејмс во приватниот живот се дружи со ѕвездите на хип-хоп музиката Лил Џон и Ист Сајд Бојс.Леброн многу сака да игра куглање но овој спорт може да биде проблематичен за него со оглед на висината(2,03 метри)и тежината(113 кг).Џејмс сака да слуша музика и да пее.На својот 21 роденден настапи во живо со раперот Лил Вејн.

Wednesday, May 12, 2010

RAFAEL NADAL

Рафаел Надал е шпански тенисер кој е роден на 3 јули 1986 год.во Мајорка(Шпанија).Надал започнал да игра тенис на 4-годишна возраст по иницијативата на неговиот чичко Тони Надал кој сега е и негов тренер.Во 2002 год.Надал на својата 16-годишна возраст го играче првото полуфинале на Вимболдон.Исто така е значајно да се истакне дека Надал потекнува од истата област како и екс поранешниот светски првак Карлос Моја кој во тоа време бил идол на Рафа.Моментално Надал има пет титули на Роланд Гарос:2005,2006,2007,2008 и 2009 год.,победник на Вимболдон 2008 и победник на Австралија Опен 2009.Надал од првиот настап па се досега е сеуште непоразен на Роланд Гарос освојувајќи максимален учинок 21 победа од 21 натпревар.Надал е многу препознатлив по тоа што четири години по ред го поразуваше светскиот шампион Роџер Федерер на Роланд Гарос и тоа во 2005 во полуфиналето а во 2006,2007 и 2008 во финале.Со тоа стави крај на сонот на швајцарецот за комплетирање на сите Гренд Слем турнири кој во тоа време беше реален да се оствари а за Надал значеше вбројување во самиот врв во светската елита.Од април 2005 до мај 2007,Надал освои 81 победа по ред на земјен терен пред да биде поразен од Роџер Федерер во финелто во Хамбург 2007 год.Тоа беше најголемата серија победи во новата ера на тенисот која почна во 1968 година.Инаку Рафаел Надал игра со левата рака,но сепак на самиот почеток тој играл тенис со десната рака, па неговиот чичко Тони Надал сметал дека ако Надал се одвикне да игра со десна рака тој ќе има многу опасен дворачен бехенд поради силата кој ја има во неа.Тоа одиграло клучен сегмент во градењето на неговата тениска кариера.Рафа дефинитивно се одлучил на тенисот на својата 14-годишна бидејќи исто така неговата страст бил фубалот .

Tuesday, May 11, 2010

DIDIER DROGBA


Дидие Дрогба е роден на 11 март 1978 во Абиџан(Брегот на Слоновата Коска)и е еден од најдобрите напаѓачи во светот.Тој како мал со своето семејство заминал да живее во франција и почнал да игра фудбал.По една година пауза (поради лошиот успех на училиште)талентот му се вратил на овој спорт.Тој ја започнал кариерата во парискиот клуб Левалоа.Во 1999 год. Дрогба го потпиша првиот професионален договор со францускиот клуб Ле Ман(Втора лига на франција)како одбранбен играч.Подоцна во 2003-04 год.преминал во клубот на Марсеј каде играл како напаѓач.За овој клуб постигна 19 лигашки погодоци и 11 погодоци во купот на УЕФА.Во летото 2004 год.направи трансфер во Челзи за сума од 36 милиони евра.Истовремено,во својата прва сезона со Челзи,со клубот од Лондон стана првак на Англија.Исто така Дрогба на светското првенство 2006 настапуваше за неговата репрезентација(Б.С.К.) и постигна само еден гол од три натпревари,но иако неговата репрезентација помина лошо а тој доби награда за најдобар фудбалер во Африка. Дрогба сака да носи безбол капчиња, да прави модерни флизури и да слуша музика.Негов најомилен пејач е Фифти Сент.Еден од браќата на Дрогба, Жоел исто така е фудбалер.Тој сега игра во германскиот второлигаш Сахкт Паули, а уште еден помлад брат на Дрогба, Ферди, кој игра во францускиот Ле Ман. Дрогба со семејството живее во луксузна вила во Бејмбриџ(во близина на Лондон).Семејството го сочинуваат неговата сопруга Лала, неговата ќерка Иман и синовите Ајзак и Кевин.

CESC FABREGAS


Цеск Фабрегас е роден на 4 мај 1987 во Каталуња(Шпанија).Тој е еден од најдобрите фудбалери во средниот ред и игра за Арсенал.Фабрегас започнал да игра во младинскиот клуб на Барселона а во 2003 год потпиша за Арсенал.Во првата сезона не настапуваше многу за топџиите(арсенал)но по повреди на неколку клучни играчи од средниот ред тој добивал повеќе шанси од Арсен Венгер(тренерот на арсенал).Набрзо Фабрегас стана еден од редовните стартери и плејмејкер.Тој постави неколку клупски рекорди на пример одличен техничар со одлично чувство за додавање и клучен дел од составот на Арсенал.Во меѓународниот фудбал првпат играше за составот на Шпанија за играчи до 17 год. на светското првенство во Финска.Благодарејќи на неговие добри настапи за клубот беше повикан да игра за сениорската репрезентација на светското првенство во 2006 год.Во 2006 год. Фабрегас потпиша нов договор со Арсенал кој трае осум години.Сезоната 2006-07 беше уште една за добивање на искуство за составот на Арсенал и за Фабрегас.Во таа сезона клубот не успеа да освои ни еден трофеј но Фабрегас се истакна како еден од клучните играчи во составот настапувајќи на сите натпревари.Фабрегас ја започна сезоната за Арсенал со два гола против Динамо Загреб за квалификациите во лигата на шампионите а тој натпревар заврши со резултат 3:0.Во премиер лигата имаше 13 асистенции,што му донесе второ место на табелата на асистенти.Понатаму сезоната 2007-08 ја започна несигурно.Најдобриот клупски стрелец Тиери Анри замина за екипата на Барселона,Фабрегас веднаш знаеше дека ќе стане најважниот играч на Арсенал.Одлично ја започна сезоната со постигнување на неколку голови покрај неговите асистенции.Неговиот почеток му ја донесе и наградата О2 играч на месецот за Август,Септември и Октомври како и играч на месецот во премиер лигата за септември.Додека Арсенал водеше на табелата во премиер лигата Фабрегас придонесе многу и во лигата на шампионите во вториот натпревар во лигата на шампионите постигна гол против Милан со што ги донесе топџиите во четвртфинале.На 11 април 2008 год.Фабрегас повторно доби награда овој пат за млад играч на годината според АПФ и Фабрегас стана еден од најдобрите играчи од средниот ред.

CHELSEA


Челзи е англиски клуб основан во западен лондон во 1905 год.Екипата на челзи има три титули во премиер лигата од кои првата е во сезоната 2004-05,втората е во 2005-06 и третата е во сезоната 2009-10 поточно сезоната која штотуку заврши.Познати и како ''сините'' или во подамнешното време како ''пензионерите''Челзи во најголем дел од историјата е во елитната англиска премиер лига.Нивни прв успех било финалето против Шефилд Јунајтед каде што загубиле.Понатаму доживеале уште еден успех кога во 1955 год.го освоиле англискиот куп.Својот најголем подем екипата на Челзи го доживеала во последната декада со две победи во премиер лигата и финале во лигата на шампионите каде што загуби од својот најголем ривал екипата на Манчестер Јунајтед(црвените ѓаволи).Својот прв пад екипата на Челзи го доживува цо доаѓањето на селекторот Томи Дочерти(1960-1970).Во 1983 год. екипата на Челзи паднала во втората англиска дивизија но својот "кам бек"Челзи го пронаоѓа за време на двата италијански селектори Џанлуча Виали и Клаудио Раниери.Во 2003 клубот е прдаден на Роман Абрамович за сума од 140 милиони фунти.Тогаш биле потрошени дури 100 милиони фунти за нови играчи.Подоцна како селектор во тимот дошол Жозе Мурињо кои освоил две титули со Челзи.Подоцна доаѓа целекторот на португалската репрезентација Луиз Фелипе Сколари кој не направил многу за клубот и на неговото место е тренерот кој се уште е во Челзи а тоа е Карло Анчелоти.

Tuesday, May 4, 2010

HELLO

Јас сум Душко Недески.Роден сум на 09.03.1998 година.Имам 12 години. Живеам во Прилеп, учам во О.У Кочо Рацин и сум шесто одделение.Моето хоби е да цртам и да се занимавам со спорт, а од спортовие најомилени ми се фудбал, кошарка и тенис. Во фудбал навивам за Челзи, во кошарка навивам за Кливленд а во тенис најомилен тенисер ми е Рафаел Надал.Јас се занимавам и со спорт, тренирам кошарка.Јас многу сакам да играм игри на мојот компјутер еве некои од нив:FIFA 09 MENAGER, PRINCE OF PERCIA, AGE OF MITOLOGHY, CALL OF DUTY BLACK OPS, NEED FOR SPEED, WARCRAFT, CHAMPIONSHIP MENAGER 2010, CRYSIS, JB 007, F1 2009 CHAMPIONSHIP.Овој блог ми е за оценка и ако ви се допаѓа оставајте коментари, фала.