Приелп е град во Македонија со 73925 жители и површина од 1675 km квадратни, а градот е лоциран во северниот дел на Пелагониската котлина, во јужниот дел на Република Македонија, до него се стигнува преку магистралниот пат М5/Е65.Се наоѓа на 128 km(воздушна линија)од главниот град Скопје.Прилеп е познат како "градот под Марковите Кули"поради неговата близина до кулите на легендарниот херој Крали Марко.Градот Прилеп го добил името според едно предание на Марко Цепенков, луѓето кои почнале да се доселуваат, своите куќи ги граделе прилепени до калето на Крали Марко, па поради прилепените куќи и градот е наречен Прилеп.Во истото предание се споменува дека градот бил прилебно место(место каде што се правело леб).Градот Прилеп и воопшто населби на подрачјето на поширокиот прилепски регион, датираат уште од антиката, како што е археолошкиот локалитет Стибера, кај селото Чепигово.Во близина на градот на Марковите Кули се откриени траги од предисториска населба.Во раната антика тука израснала населбата Керамија, обновена во доцната антика, која до крајот на антиката останала селска населба и не прераснала во град и епископија. Денешната местоположба на градот Прилеп потекнува од раниот среден век, кога Прилеп бил многу важен трговски и воено-стратегиски град. Токму во градот Прилеп, по катастрофалниот пораз на самуиловата војска во беласичката битка, 1014 година, кога ги видел своите ослепени војници, царот Самуил починал од срцев удар. По смртта на Самуил 4 века подоцна, во 1371 година Прилеп станал престолнина на средновековниот македонски феудален владетел, Волкашин, кој го создал прилепското кралство со седиште во Прилеп. По неговата смрт во маричката битка (1371), го наследил неговиот син Крали Марко, кој и по доаѓањето на турците се до неговата смрт во 1395 година владеел со Прилеп и поширокиот регион на западна и југо-западна Македонија. Со доаѓањето на турците, Прилеп од високоразвиен трговски град, се преориентирал кон селско производство особено тутун. Во Прилеп во 1564/65 година се случил и првиот поголем бунт на македонскиот народ кон неподносливата турска власт, кога направиле голем протест, проследен со нереди пред судот во Прилеп. Во XIX ВО Прилеп учествувал големиот македонски преродник и собирач на народно творештво Димитар Миладинов, заедно со својот помошник Рајко Жинзифов и токму во тој период во контакт со Миладинов, Марко Цепенков ја прифатил идејата на преродбеникот за собирање на македонско народно творештво. Во XX век Илинденското востание имало силен одглас во прилепско, а со борбите раководеле познатите прилепски војводи Петар Ацев и Крсто Гермов-Шаќир војвода. По балканските војни и поделбата на Македонија, Прилеп крајно разурнат и разорен, како дел од Вардарска Македонија, влегол во рамките на кралството Југославија. Во втората светска војна градот се наоѓал под бугарска окупација и токму во Прилеп на 11.10.1941 година со нападот на бугарската полициска станица од страна на прилепскиот партизански одред "Гоце Делчев"започнал антифашистичкото народно востание против окупаторската власт. Во текот на војната населението од градот и околните села активно се вклучило во борбите. Поради големиот број на борци и жртви, кои Прилеп ги дал во втората светска војна, градот по војната го добил епитетот "град херој".
Thursday, May 13, 2010
PRILEP

Subscribe to:
Post Comments (Atom)

abe opasen si dule bravo
ReplyDeletehahaha...:D:D:D
ReplyDeletesubaf ti e blogovv!!
ReplyDeletefala fala
ReplyDelete