
Цеск Фабрегас е роден на 4 мај 1987 во Каталуња(Шпанија).Тој е еден од најдобрите фудбалери во средниот ред и игра за Арсенал.Фабрегас започнал да игра во младинскиот клуб на Барселона а во 2003 год потпиша за Арсенал.Во првата сезона не настапуваше многу за топџиите(арсенал)но по повреди на неколку клучни играчи од средниот ред тој добивал повеќе шанси од Арсен Венгер(тренерот на арсенал).Набрзо Фабрегас стана еден од редовните стартери и плејмејкер.Тој постави неколку клупски рекорди на пример одличен техничар со одлично чувство за додавање и клучен дел од составот на Арсенал.Во меѓународниот фудбал првпат играше за составот на Шпанија за играчи до 17 год. на светското првенство во Финска.Благодарејќи на неговие добри настапи за клубот беше повикан да игра за сениорската репрезентација на светското првенство во 2006 год.Во 2006 год. Фабрегас потпиша нов договор со Арсенал кој трае осум години.Сезоната 2006-07 беше уште една за добивање на искуство за составот на Арсенал и за Фабрегас.Во таа сезона клубот не успеа да освои ни еден трофеј но Фабрегас се истакна како еден од клучните играчи во составот настапувајќи на сите натпревари.Фабрегас ја започна сезоната за Арсенал со два гола против Динамо Загреб за квалификациите во лигата на шампионите а тој натпревар заврши со резултат 3:0.Во премиер лигата имаше 13 асистенции,што му донесе второ место на табелата на асистенти.Понатаму сезоната 2007-08 ја започна несигурно.Најдобриот клупски стрелец Тиери Анри замина за екипата на Барселона,Фабрегас веднаш знаеше дека ќе стане најважниот играч на Арсенал.Одлично ја започна сезоната со постигнување на неколку голови покрај неговите асистенции.Неговиот почеток му ја донесе и наградата О2 играч на месецот за Август,Септември и Октомври како и играч на месецот во премиер лигата за септември.Додека Арсенал водеше на табелата во премиер лигата Фабрегас придонесе многу и во лигата на шампионите во вториот натпревар во лигата на шампионите постигна гол против Милан со што ги донесе топџиите во четвртфинале.На 11 април 2008 год.Фабрегас повторно доби награда овој пат за млад играч на годината според АПФ и Фабрегас стана еден од најдобрите играчи од средниот ред.

No comments:
Post a Comment