Thursday, May 13, 2010

LEBRON JAMES

Леброн Џејмс е роден на 30 декември 1984 год.во Акрон(САД) на 30 декември 1984 година.Имал тешко детство.Пораснал без татко.Можеби затоа семејството му е важно колку и кариерата.Тој е еден од најдобрите кошаркари во Кливленд па и во светот.Кариерата ја започна во средното училиште во ушиличната екипа на Сент Винсент-Сент Мери,со која освои три државни првенства.Скаутите можеа да го следат неговиот подем уште како адолсцент.Во 2003 година ја започна професионалната кариера во екипата на Кливленд.Веднаш стана локален херој.Го носи бројот 23 и своите квалитети ги покажа уште во првата сезона и го внесе Кливленд во плеј-оф.Во 2009 година ја доби наградата за најполезен играч во лигата(ем-ви-пи).Оваа сезона Кливленд дури се вбројува за фаворит на титулата.Пред да почне да настапува во НБА лигата,Леброн потпиша договор со американскиот гигант за спортска опрема "најк" вреден околу 60 милиони евра.Леброн годинава стана заштитно лице на производителот на гуми за џвакање "Баблишус"и има своја палета на гуми за џвакање со вкус на лимон.Четиригодишниот договор вреди 3,4 милиони евра.Леброн џејмс во приватниот живот се дружи со ѕвездите на хип-хоп музиката Лил Џон и Ист Сајд Бојс.Леброн многу сака да игра куглање но овој спорт може да биде проблематичен за него со оглед на висината(2,03 метри)и тежината(113 кг).Џејмс сака да слуша музика и да пее.На својот 21 роденден настапи во живо со раперот Лил Вејн.

2 comments: