Monday, May 17, 2010

LIONEL MESSI


Лионел Меси е аргентински фудбалер кој игра за ФК Барселона во шпанската лига и за репрезентацијата на Аргентина. Меси е најдобриот фудбалер во светот. Неговиот стил и вештина потсетува на фудбалската легенда Диего Армандо Марадона, кој лично го прогласи Меси за свој наследник. Меси започнал да игра фудбал од најраната возраст и неговиот потенцијал бил набргу забележан од Барселона. Во 2000 година се преселил со семејството во Европа бидејќи Барселона му понудила лекување на неговиот здраствен проблем(недостаток на хормонот за раст). Тој дебитираше во сезоната 2004-05 соборувајќи го рекордот на лигата за најдобар скор за најмлад играч. Следната сезона тој блесна како играч во првата постава, завршувајќи ја со 14 голови во 26 натпревари. Меси беше победник на светскиот шампионат на младинци на ФИФА за 2005 година станувајќи член на сениорската репрезентација. Во истата таа година во септември, по втор пат по три месеци, ФК Барселона го обнови договорот со Меси. Тој истовремено стекна шпанско државјанство, конечно стекнувајќи право да дебитира во шпанската прва лига(ла лига).Во 17 натпревари, Меси постигна 6 голови, но за жал сезоната за него заврши пред време, во март 2006 година, поради кинење на десната тетива на ногата во натпревар против Челзи во лигата на шампионите. Таа сезона, Барселона ја заврши како шампион на Шпанија и на Европа. Во 2006-07 година Меси се зацврсти како играч во првата постава со својата одлична игра против Челзи и Реал Мадрид. Во ноември 2006 година во натпреварот против Реал Сарагоса, Меси повторно доби повреда која го исфрли од игра 3 месеци. По враќањето од Аргентина, Франк Рајкард, внимателно го рехабилитирал, постепено го зголемувал времето на игра, од натпревар во натпревар. Набргу Меси се врати во топ форма постигнувајќи хет-трик. Кон крајот на сезоната стануваше се подобар, 11 од своите 14 голови во сезоната ги постигна во своите 13 натпревари. Меси се потврди како нов Марадона. Еден од неговите голови беше сличен на прочуениот гол на Марадона против Англија на светскиот куп на ФИФА во Мексико во 1986 година, познат како гол на столетието. Во сезоната 2007-08 Меси даде 5 голови за една недела, вбројувајќи ја Барселона меѓу првите четири тимови во лигата. Двата голови што ги постигна против Севиља, на 22 септември му ги посвети на Роналдињо кој беше повреден. На 19 септември Меси постигна гол против Олимпик Лион кога Барселона победи со 3:0 во лигата на шампионите. Меси постигна уште два гола за победа на Барселона од 4:1 против Сарагоса. На 27 февруари, Меси го одигра својот 100-ти меч за Барселона во натпреварот против Валенсија. Во сезоната 2008-09 со заминувањето на Роналдињо, Меси го наследи неговиот дрес со број 10. Во октомври 2008 година, за време на мечот против Шахтјор Донетск, Меси постигна 2 погодоци во последните 7 минути, влегувајќи како замена за Тиери Анри, и од резултатот 0:1 Меси го претвори во 2:1. Во следниот натпревар против Атлетико Мадрид, се одигра пријателски натпревар каде што Меси играше против неговиот добар пријател и сонародник Серхио Лионел Агуеро со резултат 6:1 за Барселона. Меси одигра уште еден импресивен дуел против Севиља. Во декември 2008 година, Меси го постигна вториот гол во мечот против Реал Мадрид кој заврши со резултат 2:0. Со 678 поени, беше прогласен за втор играч на ФИФА за 2008 година. Својот прв хет-трик во 2009 година, Меси го постигна против Атлетико Мадрид. Вториот од двата голови во мечот против Расинг Сантандер беше 5000-от гол во лигата за Барселона. Во 28-то коло на лигата, Меси го постигна својот 30-ти гол во сезоната, обезбедувајќи победа од 6:0 во мечот против Малага. Во Април 2009 година, постигна 2 гола против Баерн Минхен во лигата на шампионите, постигнувајќи личен рекорд од 8 голови во натпреварот. Истиот месец, Меси го постигна својот 20-ти гол во сезоната во мечот против Гетафе, овозможувајќи и победа на Барселона, од 6 поени на врвот на табелата

No comments:

Post a Comment